Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Черимоја (Annona cherimola)

Во последно време во Европа се увезуваат интересни тропски плодови. Јас лично успеав да го купам и да го пробам овошјето черимоја. Во понудата на продавниците ретко се наоѓа но благодарение на својот добар вкус со сигурност наскоро и таму ќе го најде своето постојано место.

Черимоја е најчесто користеното име за плодот на дрвото анона черимоја (Annona cherimola) кое расте во долините на Анда на висина од 1500 м. н.в. oд Колумбија до Перу. Поднесува и пониски температури па така се раширува и во другите топли краеви низ светот, дури и во Израел и јужна Шпанија. Во овој род вбројуваме околу 120 видови.

сабота 4.7.2009 07:00 | испечати | Егзотични растенија

Индијски лотос (Nelumbo nucifera)

фото

Цвет од лотос

Индијскиот лотос (Nelumbo nucifera) е прекрасно водно растение кое има дебел кружен сивозелен лист и розевикави цветови. Будистите ја користат во своите ритуали, целата билка се јаде (пред се се конзумираат семенките и коренот), се користи за припремање на различни јадења во цела југоиточна Азија. Тоа е мочуришна билка. Одгледувањето на лотос кај нас воопшто не е комплицирано, единствено треба да се знае како да се направи тоа.

петок 3.7.2009 08:46 | испечати | Водни и мочуришни растенија

Одгледуваме буковка (Pleurotus ostreatus)

Буковка (Pleurotus ostreatus) во последно време е попопуларна дури и од шампињонот. Нешто повеќе, во однос на шампињонот буковката има и една голема предност – не може да ја помешате со отровната зелена пупавка.

четврток 2.7.2009 06:52 | испечати | Печурки

Одгледуваме авокадо

Авокадо (ботанички – американска круша – Persea americana) е тропско дрво високо 6–20 м. Во пророда расте на териториите од Мексико до Бразил. Денес се одгледува на целиот тропски и суптропски појас.

Листовите се со елиптичен облик, на крајот се шпицести, кожести и сjајни со светлозелена до темнозелена боја додека на долната страна се сиви. Со изгледот потсетуваат на листови од портокал.

среда 1.7.2009 19:37 | испечати | Егзотични растенија

Continue: 1-5 6-10 11-15 16-20 21-24

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.