Одгледуваме пепино
Земјата на потекло на пепиното (соланум пепино, Solanum muricatum) веројатно е Перу или Колумбија. Оттаму се раширило по целата латинска Америка, па дури и надвор од неа. Денес најмногу се одгледува во Боливија, Еквадор и на Нов Зеланд.
Пепино во Европа дошол најверојатно во 1785 година. Еден од неговите први одгледувачи бил Луј XVI и англиското кралско градинарско друштво во Кевиј (во Лондон).
Јужноамериканските Индијанци го нарекувале cachuma (се изговара качума). Кај нас е заживеан неговото Шпанско име пепино, што во превод значи краставица за салата. Англиското име е melon shrub, што во превод значи лубеница што подобро го карактеризира неговиот вкус.
Пепиното е грмушкесто растение високо околу 1м, во земјата на потекло тоа е трајно дрво кое се одгледува дури и до висина од 2500м.н.в. Кај нас се одгледува само како едногодишно растение. Цветовите личат на цветови од компир, виолетови или бели со виолетови линии. Тие се двополови но за подобар изглед и род се препорачува додатно опрашување (пред се во стакленици).
За градинарите најинтересни се плодовите. Големи се околу 15см, во обликот потсетуваат на авокадо (голема круша). Ароматични се и слатки. Најчесто се жолти, жолто-смеѓи или со темновиолетови штрафтови и често се без семе. Се јадат сурови, варени, пржени…
Сурови може да се јадат самостојно или како овошна салата (разно овошје исецкано на парчиња и попрскано со сок од лимон. Од останатото овошје може да се употреби поголемиот дел од нашето или егзотичните видови.) Варениот пепино најчесто се користи како прилог кон јадење. Пржениот пепино е добар како главно јадење. Доколку на некој му се чини дека пепино е безвкусен може да го зачини со редовните зачини (цимет, бадијан, анасон, сок од лимон, нар или маракуја – двата последни спомнати плодови може и сами да ги одгледате од семето кое што го нудиме во Каталогот Импорт). Вишокот плодови може да ги ставие во тегли (самостојно или во комбинација со други видови – на пример домат, пиперка или овошје). Што се однесува на земјиштето, пепиното е еднакво пребирливо како и другиот зеленчук од тропско потекло (на пример пиперка, домат). Земјиштето пред се треба да биде лесно, воздушно, хранливо и постојано влажно. При експериментално одгледување заклучено е дека најголем род носи кога е одгледуван со садови од 40 литри (за едно растение) и кога земјиштето е покриено со црна фолија (околу 40–45 плодови годишно).
Во суштина се одлгледува исто како, на пример, доматот. За време на вегетација ѓубрете го еднаш неделно. Како најдобро се покажало ѓубривото Хармавит (се продава во секоја земјоделска продавница). Со ова ѓубриво може да го наѓубрите дирекно на земјиштето или на листот.
Се размножува со делови кои се долги околу 15см. Сечете ги во февруар – март. За побрзо пуштање на корени може да употребите стимулатор на раст. Деловите забодете ги во песок во стакленик или во домот. Корени ќе пушти за време од месец дена. Малдите растенија почнуваат да цветаат три месеци после пуштањето на корени.
Пепино може да се размножува и со семе. Овој начин, меѓутоа, е помалку исплатлив затоа што растението образувба само ситно семе. Покрај тоа младите од семе често раѓаат плодови со понизок квалитет.
Пепиното го напаѓаат исти болести и штетници како и другите видови од истата фамилија (домат, пиперка). Најчесто е тоа компировата мов Phytophthora infestans. Против неа може да употребите Куприкол 50 (во концентрација 0,6%, значи 60г. на 10л. вода; заштитниот рок за време на кој плодовите не смеат да се конзимираат е 7 дена) или Dithane M 45 (во концентрација 0,2%, значи 20г. на 10л. вода, заштитиниот рок за време на кој плодовите не смеат да се конзумираат е 21 ден). Меѓутоа, користење на хемиска заштита на повеќето одгледувачи не им е потребно.
Пепино преку зимата мора да презимува на топло (во стакленик, во домот и сл.). Температурата на би требало да опадне под 5 °C. Во пролет од матичните растенија земете делови (отсечете) и ставете ги да пуштат корени додека старите билки уништете ги затоа што нивното понатамошно одгледување не бе било рентабилно.
««« Претходен текст: NOVODOF FC против кромпировата златица Следен текст: Одгледувајте четирилитен воден папрат за среќа - читирилистна разноротка (Marsilea quadrifolia) »»»
недела 12.7.2009 07:55 | испечати | Егзотични растенија, Инстрикции за одгледување
КПР претставува

Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.