Како правилно да го косиме тревникот?
За да добиеме густ тревник правилно е негово правилно косење. Ниту една елка ни бор нема да изгледа добро доколку околу нив има лоша трева.
За косењето на тревникот важи правилото да првобитната должина на тревникот ја скратиме 1/3. Тоа значи да 6 см високата трева ја косиме на должина од 4 см. Оптималната висина на тревникот изнесува околу 2–3 см. Доколку косите премногу ниско, постои можност тревата да ви се исуши. Доколку по секоја цена сакате да имате сосема низок тревник, не заборавајте добро да го навадите после косењето (барем 10–15 л вода на 1 м2).
Кај нас се користат 2 видови на косилици – класични и косилици со малчирање.
Косилиците со малчирање не ја собираат покосената трева туку ја сецкаат на ситни делови и ја расфрлаат по тревникот. Тревникот на овој начин при секое косење авотматски се наѓубрува. Меѓутоа овие косилици не се погодни доколку на тревникот имате базен, затоа што на овој начин ке внесуватe мали парчиња трева во базенот преку табаните. За ваквите тревници најдборо е да користите класична косилка со корпа за собирање на тревата.
Денес псотојат косилки од меѓу тип. Ако ја ставите корпата за трева ке добиете класична косилка а доколку не ја ставиет корпата ке добиете косилка со малчирање.
Косилките може да се користат за косење на тревник чии што агол е до 15ş. Доколку вашиот тревник се наоѓа на стрмно земјиште мора да косите со рачна косалка. Рачната косалка е добра за користење при косење околу дрвата и трајните растенија засадени на тревникот или на неговите агли.
««« Претходен текст: Кивано - Cucumis metuliferus Следен текст: Упатство за садење семе од месојадни растенија »»»
КПР претставува

Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.