Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Одгледување на јаболко во облик на тенко вретено

Доаѓањето на пазарната економија со себе донесе многу измени. Една од нив е и интензивирање на земјоделското производстство што тежи кон поголема ефективност на производството и конкурентност на нашите производи на пазарот. Во овоштарството ова интензивирање значеше премин од големите облици на овошки кон помали, со цел да се што поефикасно изкористи одгледувачката површина. Одлгедувањето на помалите видови со себе носи многу преднсоти, ја олеснува работата додека квалитетот на овошјето значитено се унапредува. Кај јаболката типични претставници се малечките јаболка (џуџести јаболка), тенко вретено, супер тенко вретено, солакс итн. Најперспективен и најчесто користен од нив е обликот тенко вретено.

Тенкото вретено е одгледуван вид кој што е предвиден за производство на големо но и за градини. Голем дел од денешните садници се точно од овој вид. Пред се се користи кај јаболката икрушите, можно е да се користи и кај другите видови на овошје (црешни, сливи, рибизли, праски и сл.). Јаболакта во облик на тенко вретено ги одгледуваме до максимална висина од 2,2 – 2,5 м. Оваа висина овозможува еднсотавна нега и берба. Минимално 80% од овошките би требало да се берат директно од земја. Густи засад ќе добиеме со образување на блиско засадување, во практика растојанието помеѓу дрвата во редот е 0,8 – 1,2 м; редовите меѓусебно се одделени во зависност од користената механизација 2,5 – 3,5 м. Тоа овозможува засадување на 3000 – 3500 дрва на хектар. За да е возможна вака густ засад неопходно е да се садат калеми кои се одлгедани на слабо бујни, максимално средно бујни подлоги. Кај јаболката стандардна подлога е М9, одостанатите тоа се например подлогите J-TE-E, F, G, H, J-OH-A, M27, MM106. Кај слабо бујните подлоги и нивните плитки (околу 30–40 см длабоки) коренски систем е потребо да се обезбеди потпорна конструкција и поставување на систем за наводнување. Стандардната конструкција е од багремово дрво и бетонски столбови преку кои се развлечени три реда челични жици и тоа на висина од 60, 120 и 180 см. Ваквата конструкција служи во главно како потпора за дрвата против паѓање но исто така се користи за врзување на стеблата и гранките. Во главно се користи нaводнување со капки кое што е доста ефикасно и оди дирекно до коренот додека со помош на овој систем може да се аплицира и дополнително ѓубриво. Главни предности на тенкото вретено може да ги наведеме во неколку ставки.

  • едоставна нега – минимално потсечување за разлика од класичните облици, берба дирекно од земја, едноставна и во главно доста ефикасна заштита,
  • добар род – кај овој начин без проблем може да потигнете род од 40–50т/ха, кај некои видови и повеќе,
  • висок квалитет на овошјето – благодарение на идеалните светлосни услови кои што овој облик ги образува, плодовите се со изразена боја, изедначени и позрели, односот на материјата е многу добар,
  • брз влез во фазата на раѓање – слабо бујните подлоги и начинот на формирање се причина за брзо влегување во фазата кога дрвото е способно да раѓа. Првите плодови дрвата често ги даваат веќе во текот на првата година. Максимално раѓаат од 3 – 4 години.
  • висока ефективност и повратност на финансиските сретства.

Како саден материјал користиме едногодишни или повеќегодишни, одгледани дрва. Може да биде со шпицест облик или има одгледан т.н. привремен раст. Ги садиме на класичен начин, важна е длабочината на садење. Местото на калемење после садањето би требало да биде минимално 10 см над земјата. Со тоа ќе се зачува саканото ослабувачко дејство на подлогата и со тоа не ризикуваме дека ќе дојде до пуштање на корени на некалемените растенија преку подлогата.

При кастрење и обликување мора да водиме грижа за крајниот облик на дрвото кое што единствено при добро обликување и нега ќе овозможи максимално искористување на физиолошките принципи на растот и раѓањето, кои што кај овој облик се клучни. Цел е да се одгледа 2–2,5 , високо стебло на кои се помалку или повеќе прави спирали – разместените гранки на костурот. На нив се наоѓаат кратки или долги гранки кои раѓаат. Во никој случај не смееме да допуштиме прераснување на гранки на костурот. Доколку израстат поголеми ќе ја загрозат рамнотежата на дрвото и основниот облик на дрвото би бил уништен, што би значело разместување на силата и хранливите материи во погрешна насока. Дрвото во текот на целиот свој живот би требало да го зачува пирамидалниот облик, кој што му овозможува идеално искористување на сончевата светлина.

Основниот рез се гледа во сечењето на средното стебло околу 80–90 см над површината на земјата. Во случај ако калемениот дел премногу се развил не го режиме и не го кратиме, стеблото го отсекуваме некои 30–40 см над последната гранка во зависност од кондицијата и јачината на дрвото. Во најблискиот вегетациски период дрвото, на горниот дел, само ќе образува 30 см нови гранки кои ќе ги режиме дури во зимскиот период и тоа слично како претходната година. Стеблото го сечиме 30–40 см над највисокото разгранување, гранките не ги кратиме. Оштетените и излишни гранки ги отстрануваме сосема, ги режиме. Вака постапуваме секоја година додека не достигнеме до крајната висина. Кога дрвото ќе израсте сечиме само со кастрење, со помош на кое ги отстрануваме излишните гранки, стеблото го намалување со потсечување до пониските гранки, ги отстрануваме болните и оштетени гранки, излишните гранки и израстоците од подлогата. Важно е да не ги скратуваме гранките. Тоа би предизвикало неповолен ефект – гранките би зајакнувале и би одземале хранливи материи од плодовите.

Останатата нега е иста како и кај другите облици за одгледување. Важно е ѓубрењето, наводнувањето, заштитата од болести и штетници, за добивање на квалитетно овошје важно е и пребирањето на плодовите. Што се однесува застапеноста на видот – може да ги употребите сите видови но потребно е и да ги почитувате и специфичните потреби на поедините видови. На пример после сечење потребно е индивидуално да се постапи кон видивите кои раѓаат на крајот на дрвото (Rubín, Rubinola, Bohémia, Bohémia Gold и сл.). Овие видови образуваат широки крошни и имаат тенденција на свивање на гранките. Затоа кај нив е добро да се аплицира раниот летен рез како и други операции кои водат кон успорување на растот и подобрување на раѓањето.

Цитирано: Комжик, М. (Komžík, M.) (2002): Одгледување на јаболка во облик на тенко вретено. Наши растенија 1/2002. г. 3. КПР Словачка.

««« Претходен текст: Pongamia pinnata Следен текст: Бодликава палма Rhapidophyllum hystrix »»»

сабота 18.7.2009 08:47 | испечати | Инстрикции за одгледување

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.