Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Садење на луковици од растенија и расади

Купените растенија (расади) кои сте ги добиле по пошта извадете ги од пакетот и ставете ги на 2–3 дена под сенка. Друга можност е одма да ги засадите и на неколку дена да им направите сенка ( на пример со помош на канцелариска хартија, даска), така да не бидат изложени дирекно на сонце. Во кој случај би постоела можнст јакото сонце да ги оштети.

Садење на расад

Икопајте дупка која со големината ќе одговара на саденото растение. Растението извадете го од саксијата (односно од пластичната вреќа, во случај на слободно пакуваните растенија), коренот свртете го на долу и рамномерно распространете го на сите страни па ставете го растението во дупката. Во дупката турете малце вода и кога земјата ќе ја впие водата растението покријте го со земја. Постапката е иста и кај другите растенија. Кога ке завршите со садењето на леата, наводнете ги засадените растенија. Првите неколку дена од засадувањето растениајта по потреба наводнувајте ги или на жешкото сонце и во најголемите жештини направете им сенка. Растението за 1–3 недели сосема ќе пушти корени и потоа се негува како и дргите растенија во градината.

Садење на растенија со луковици и кромиди

Прво прекопопајте го местото каде што ќе садите луковици и кромиди од растенија (во понатамошниот текст ке го употребуваме само изразот луковици). Непосредно пред садењето луковиците извадете ги од хартиената кеса. Ископајте доволно длабока дупка (види табела) и во неа ставете ја луковицата со вегетациониот врв свртен нагоре. Кај некои видови наопаку свртените луковици може да загинат. Затрпајте ги луковиците а површината – земјата лесно потапкајте ја. Доколку е сушно време, после садењето, добро навадете ги. Доколку, на пример, садите лале на средината од летото (затоа што, на пример, нема каде да ги чувате и заминувате на долг годишен одмор), во тој случај не мора да ги наводнувате. Луковиците ќе одмараат и ќе растат дури со првите есенски дождови.

Помалите луковици и луковиците одгледувани во тешки земјишта се садат на помала длабочина. За длабочина на садење ја сметаме оддалеченоста од врвот на луковицата до површината на земјата! Луковиците ги вадиме од земја во моментот кога ќе им изумрат површинските делови (важи за сите луковичести растенија освен гладиолот) – што за време на сувиот и топол почеток на летото може да биде и привремено, дури во мај. Кај повеќето видови луковици после вадењето од земја може да ги складираме до есента на суво (во главно лукот, шафранот, лалето). Останатите видови како што се, на пример, лиљанот, пресличицата птичјото млеко и покосницата со складирањето на суво може да се оштетат па дури и да загиант. Овие видови кои не сакаат сушење, нивните луковици најдобро е да се пресадат од земјата во друга земја без долго скралдирање (недела дена на суво ќе издржат без проблем но поддолго не би ги оставал на суво).

Вид период на садење длабочина во см
Мал лук со луковица до 2 см– како нпр. Allium carinatum, flavum, molly, oleraceum, scorodoprasum 7.–10. 5–8
Голем лук со луковица до 10 см – како нпр. Allium giganteum, karataviense, nigrum 7.–10. 10–15
Colchicum – качун 8. 15
Crocus – видови кои цветаат на пролет (Crocus chrysanthus, Crocus vernus) 10. 9
Crocus – видови кои цветаат на есен (Crocus sativus) (7.–)8. 9
Gladiolus – гладиола (градинарски видови) 4.–5. 10 (мање 5)
Gladiolus – гладиола (егзотични ботанички видови) 9. 5–8
Lilium candidum – бел лиљан 8. 3
Lilium – лиљан, останати видови 9.(–10.) 5–15 во зависност од видот
Muscari – пресличица 7.-10. 8–10
Narcissus – нарцис 8. 10
Ornithogalum umbellatum – штитесто птичјо млеко 7.-10. 10
Polygonatum – покосница 8.-10., 2.-3. 10
Лале со ситен раст со ситни луковици како што се нпр.: Tulipa chrysantha, tarda, saxatilis, turkestanica, urumiensis 10. 10
Лале со голем раст – Грегово лале (Tulipa gregii), Фостерово лале (Tulipa fosteriana), Кауфманово лале (Tulipa kaufmanniana) и градинарски хибриди 10. 12–14

Размножување на лиљанот преку луковичните лушпи

фото

Пример на размножување на лиљанот преку луковичевите лушпи.

Наједонставен начин за размножување на лиљанот е преку лушпите од луковицата.

Лушпие засадете ги во саксија со длабочина од 1–2 см (=дебелината на слојот земја над лушпите) и сместете ги во средина каде што дневната температура се движи околу 25–30°C додека ноќната околу 22°C (ноќната може да опадне и повеќе, примарно е важна високата дневна температура на.пр. стакленик, расадник, прозорец во домот). Супстратот одржувајте го посув. Под вакви услови на долниот дел од лушпите доста брзо ќе се формираат нови луковици. На една матична луковица – лушпа за време од 1–3 месеци ќе се формираат 2–3 луковици со големина околу 1 см. Ако лушпите биле откинати и засадени на крајот од луни, може да ги извадите вопрвата половина од септемри и да ги засадите во леја во длабочина од 2 см. Засадете ги по една лушпа со една луковица на оддалеченост од 4 см. На лејата после 4–6 години одгледување ќе добиете првокласни луковичесто растенија кои ќе бидат способни да цветаат.

Засадување на семе од луковичести растенија

Некои видови луковичести растенија можат многу брзо и лесно да се размножуваат од семе. Семето засадете го во текот на март-април директно во земја или припремете саксија со длабочина од околу 0,5–1 см. За време од првата година не ги пресадувајте туку оставете ги на првобитното место. Некои видови може да ви цветаат и во текот на следната сезона. Повеќето видови цветаат од 2–5 години после засадувањето. Поситните видови цветаат главно порано за разлика од поголемите.

««« Претходен текст: Бодликава палма Rhapidophyllum hystrix Следен текст: Бор Pinus kesiya »»»

сабота 18.7.2009 11:31 | испечати | Инстрикции за одгледување

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.