Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Бор Pinus kesiya

Борот Pinus kesiya е брзорастечки вид на азискиот бор кој што надвор од земјата на потекло се одгледува многу ретко. Рате до висина од 30–35 м додека пречникот на стеблото може да достигне дури и 1м. Во прашање е трииглен бор (од едно место израстуваат три иглички со должина од 15–25 см.). Шишарките се со големина од 5–9 см а семето е 1,5–2,5см долго.

Расте на подрачјата од источните Хималаи во североисточна Индија (моментално поради одшумувањето само на планините Кхаси и Нага во земјите Мегхалај и Манипур), преку Кина (во провинцијата Јунан), Барма (Мјанмар) северен ТАјланд, Лаос, Виетнам (Lai Chau, Lang Son, Cao Bang, Quang Ninh), па се до Филипините (Лузон). Борот од Филипините понекогаш се нарекува и Pinus insularis. Во Кина расте сличен вид – јунански бор (Pinus yunnanensis).

Расте на падините кај мешани шуми на кисели (pH 4,5), неплодни црвени или жолти земјишта на надморска висина од 800 до 2000 м, најчесто помеѓу 1200 – 1400 м.н.в. Климата е суптропска, монсунска – се менуваат суви и влажни периоди. Врнежите се многу обилни и влажността на воздухот не опаѓа под 70%.

Отпорен е на слаби мразови но како култивиран не поднесува мраз. Затоа бара заштитено место на пример на јужните падини кои од северната страна се заштитени со зграда. Во северните области за време на мразовите потеребо е да се стави на презимување во просторија или стакленик на температура околу 0 °C. Во јужна Европа може да се одгледува на отворено во текот на цела година.

Англиско име: khasi pine

Синоними: Pinus khasya, Pinus khasyanus

««« Претходен текст: Садење на луковици од растенија и расади Следен текст: Кинески чаеви - одгледајте сопствен чај »»»

сабота 18.7.2009 12:22 | испечати | Егзотични растенија

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.