Кинески чаеви - одгледајте сопствен чај
Веке пред крајот на зимата секој прав градинар почнува да планира што ке одгледува во следната сезона за одгледување. Веќе не ве привлекува секоја година да одгледувате домати, пиперка и краставица? Размислувате за промена? За нешто егзотично? Што ќе кажете на идеата оваа година да одгледате сопствен чај?!
Во родот чаеви (Camellia) вбројуваме околу 50 видови трајно зелен тропски и суптропски грмушки, односно ниски дрва од кои најзначаен е кинескиот чај (Camellia sinensis). Во прашање е прастара култивирана билка која потекнува од јужна и југоисточна Кина и соседните области Индија, Барма, Виетнам и Лаос, каде што се одгледува веќе илјада години. И покрај тоа што се одгледува во тропските предели во целиот свет, најзначаен производител на чајот и понатаму останува Кина, Индија, Шри Ланка и Јапонија.
Семе на зелен чај
Одгледувањето на сопствен чај не е тежок ни во наши услови. Најважно е да се набави свежо семе затоа што семето на зелениот чај брзо ја губи способноста за 'ртливост. Семето е во куглест облик и пред сеење неопходно е да се потопи во вода 2–3 дена. После тоа засадете го во супстрат кој добро пропушта воздух. При температура од околу 20–25 °C семето 'рти за 2–4 недели. На сончево место младите билки растат доста брзо додека кај полугодишните билки веке може да почнете со кастрење. Благодарение на правилното кастрење ке добиете гнездест изглед а воедно и суровина за призводство на сопствен чај.
Зелениот чај за време на летото добро е да се одлгедува надвор во градината или на балкон. Жешкото лето и правилно, доволно наводнување најдобро ќе му ги стимулира условите кои зелениот чај ги има во својата татковина. Без разлика на фатот што чајот добиен од сопствената градина односно балконот со својот квалитет не одговара на чајот одгледан на тропикот неговото одгледување со сигурност ќе ви донесе многу радост додека растението ќе ве награди за добрата нега со големи бели цветови. За време на зимата зелениот чај сместете го веднаш до прозорот. Бидејќи е во прашање трајно зелен вид а кај нас за време на зимата не можете да му ја обезбедите количината на светлина која му е потребна, зелениот чај за време на зимата најверојатно ќе ви овене и ќе опадне. Меѓутоа со доаѓањето на пролетта неговата состојба брзо ќе се подобри и повторно ќе берете сопствен чај.
««« Претходен текст: Бор Pinus kesiya Следен текст: Лебно дрво Artocarpus odoratissimus »»»
сабота 18.7.2009 18:24 | испечати | Егзотични растенија
КПР претставува
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.