Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Лебно дрво Artocarpus odoratissimus

Во родот лебно дрво (Artocarpus) вбројуваме околу 60 видови на зелени тропски дрва од семејството дудови (Moraceae), кои потекнуваат од југоисточна Азија и од острови на Тихиот океан. Лебното дрво е сродно на фикусите (Ficus). Најпознато и најчесто одгледувано дрво е обичното лебно дрво (Artocarpus altilis). Во овој род спаѓаат и неколку други видови на перспективни овошни дрва, на пример, како што се Artocarpus communis, Artocarpus integer, Artocarpus heterophyllus и Artocarpus odoratissimus.

Во овој текст ќе го претставиме помалку познатиот вид на лебно дрво Artocarpus odoratissimus кој потекнува од островот Борнео (Индонезија), но за локални потреби се одгледува и во околните земји како Малезија, Тајланд и Филипини. Во земјата на своето потекло е познато како Atau, Keiran, Loloi, Madang, Marang, Pi-ien, Pingan, Tarap, Terap, Khanun sampalor. Надвор од наведените области е практично непознато. Во природа расте на песочни земјишта во секундарни шуми, во појасот на морската обала до надморка висина од 1000 м.

Во висина расте до 25 м, листовите му се 16–50см долги и 11–28см широки. Растението е еднодомно – за создавање на плодови е потребно само едно растение. Плодовите се на површина зелени во јајчест облик, 16см долги и 13см широки. Тешки се околу 1Кг. Плодовите се конзумираат сурови или термички обработени додека семето пред јадење неопходно е термички да се преработи. Лебното дрво е важен составен дел од менито на жителите на југоисточна Азија. Месестиот дел од плодот е со снежно бела боја, многу е сладок, сочен, ароматичен и со благ вкус сличен на диријанот (Durio, најсмрдливото овошје на светот), али за разлика од него не смрди.

Лебното дрво Artocarpus odoratissimus се размножува со семе. Свежото семе има висок степен на 'ртливост и 'рти за недела дена. Според истражувањето на 'ртливостта која ја правевме на Борнео, веќе после тринеделно складирање на семето тоа сосема ја губи способноста за 'ртење. Затоа е неопходно семето да се сади веднаш, најдобро во песочно, добро пропусно земјиште. Вегетативното размножување (со делови, калемење) е помалку успешно. Болести и штетници го напаѓаат многу ретко.

Со оглед на своето тропско потекло, видот не е отпорен на мраз. Минималната температура не смее да опадне под 7 °C. Значи кај нас може да се одгледува во домовите или под стакленици.


««« Претходен текст: Кинески чаеви - одгледајте сопствен чај

сабота 18.7.2009 21:26 | испечати | Егзотични растенија

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.