Индијски лотос (Nelumbo nucifera)

Цвет од лотос
Индијскиот лотос (Nelumbo nucifera) е прекрасно водно растение кое има дебел кружен сивозелен лист и розевикави цветови. Будистите ја користат во своите ритуали, целата билка се јаде (пред се се конзумираат семенките и коренот), се користи за припремање на различни јадења во цела југоиточна Азија. Тоа е мочуришна билка. Одгледувањето на лотос кај нас воопшто не е комплицирано, единствено треба да се знае како да се направи тоа.
Семенките пред садење треба малце да се избрусат затоа што нивната површина е мазна и не пропушта вода. Сeменките поради тоа воопшто не може да го започнат процесот на 'ртење поради тоа што водата не може да дојде до нив. Семенките без брусење ја сочувале својата способност за 'ртење илјади гидини и доколку без брусење ги потопите во вода ке мора да чекате за 'ртење и неколку години.

'Ртење на семенките од лотос
Како ќе знаете дали сте ги избрусиле доволно? Доколку сте ги избрусиле доволно семенките во вода за 24 часа двојно ќе се зголемат (набабрат). Доколку тоа не се случи, обрусете ги семенките уште малце. И повторно доколку во рок од 24 часа не се зголемат двојно поново брусете додека не се случи тоа.
Потребна им е само вода…
Откако ќе ги избрусите семенките, ставете ги во сад со вода. И на температура околу 20°C семеките во рок од 24 часа ќе се двостручат во големина. Идеална температура за почеток на процесот е 27–28°C. На таа температура 'ртењето ке се одвива доста брзо и во рок од недела дена ќе добиете билка со листови. Погледај ја фотодокументациајта на
После излегувањето на првиот лист, добро е билката да ја засадите во мочуришен супстрат или во подлога која се користи за аквариуми така целото растение ставете го во поголема количина вода (аквариум, езерце) со длабочина минимум 30 см. Доколку користите супстрат за аквариуми, лотосот може да го одгледувате во аквариум со риби.
Постепено, како што расте растението ќе бара се поголем простор. Можете да ја одгледувате во езерце во зимската градина, стакленик или слично но каде што нема мраз. Идеална температура за одгледување е 20–35°C, но на нашите простори таа температура во зимскиот период ќе биде блиска на долната граница, што на лотосот не му пречи. Во текот на летото лотосот може да го изнесете надвор во услови како што се опишани но за време на зима мора да биде во затворено – по потреба за време на зимата можно е лотосот да го чувате и во поголем подрум слично како и водните лилјани.
Идеално решение за одгледување на лотос се така наречените бетонски кадички (се работи за пластични кадички кои се користат за производство на бетон, ги има од 60, 80 литри и чинат околу 10 евра). Растението чувајте го во некаков супстрат како што е кажано погоре во саксии и сите заедно ставете ги во такви кадички. Доколку ја наполните со вода до врвот, ќе обезбедите идеални услови за растението. Предност е што во таквата кадичка може растението да годржите и во зимската градина но и во домот, блиску до прозорот (најдобро пред балконот), да растението биде на што потопло место во домот, односно таму каде што има најмногу сонце. За време на летото целата кадичка може да ја пренесете на јужниот дел од балконот или во градината. Како што гледате лотосот може еднсотавно да го одгледувате дури и ако живеете во зграда.
««« Претходен текст: Одгледуваме буковка (Pleurotus ostreatus) Следен текст: Черимоја (Annona cherimola) »»»
петок 3.7.2009 08:46 | испечати | Водни и мочуришни растенија
КПР претставува

Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.