Како да се борите против жишка?
Претпоставувам дека жижакот не мора никому посебно да му го претставуваме. Во прашање се ситни бубачиња (3–4мм) со кои во кујната, во семето на машунарките (семиња од мешунки) секој од нас се сретнал.
Овие штетници се развиваат во семето од сите видови мешунарки. Во суштина секој вид мешунка има свој „сопствен“ жижак: грав- гравен, грашок – грашоков, пренка – пченичен итн. Нападнатото семе е на места со продупчени ходници во него и задебелено и кога ќе излезат подраснатите бебиња во семето наоѓаме дупчиња. Некои видови (на пример жижакот од грав) најмногу им штети после складирањето (дури тогаш има идеални услови за живот), без разлика на тоа што напаѓањето доаѓа дури на леите во градината. Борбата против жишка е за среќа доста едноставна и ефикасна (ефикасността е 100%!).
Одма после берењето мешунките со зрело семе олуштете ги. Проверете дали во семето се наоѓаат оштетени зрна кои веднаш ќе ги фрлите (најефикасно е да се запалат).
Семето ставете го во кеса (најлонска или платнена) која што во наредните 48 часа ќе ја ставите во замрзнувач. Со помош на оваа процедура ќе ги уништите сите развојни фази на жишка. Кога ќе гоизвадите семето од замрзнувач распостелете го на хартија и оставете го на собна температура 2–3 дена добро да се исуши. Семето може до употреба да го чувате во кесата. Вака скалдираното семе може да го нападне жижак кој што се наоѓа во семе купено во продавница.
Затоа е уште подобро семето на мешунарките да се чува во тегла со затворач. Семето мора да биде сосема суво затоа што понаку би мовлосало. Вака може да бидете сигурни дека семето нема да го нападне нов жижак.
Против жишка може да се борите и со изборот на соодветната сорта. Постојат видови кои што жижакот не ги смета за вкусни.
««« Претходен текст: Черимоја (Annona cherimola) Следен текст: Велвичија (Welwitschia mirabilis) – одгледајте жив фосил »»»
КПР претставува

Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.