Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Тутун Nicotiana glauca - перспективно балконско растение

фото

Тутун Nicotiana glauca

Човечкото тежнеење за нешто ново, необично и нетрадиционално е безгранично. Така и секој градинар сака во својата градина да засади нешто ново, нешто што до сега никој го немал… Од истата причина пазарот со цвеќиња секоја година нуди многу новитети како би ја „угасил жедтта“ на градинарите кои непрекинато посакуваат за нешто ново. Комеријално лансирањето на нови видови набрзо се рамножува на големо и новитетот постанува дел од „обичниот асортиман“.

фото

Тутун Nicotiana glauca

Последните неколку децении најголемиот број на цветни новитети доаѓа од фамилијата помошници (Solanaceae). Најпознатите се петунии, сурфинии, million bells (во превод значи милион звончиња). Тајната на нивниот успех е во брзиот раст, раниот период на цветање (во случај на одгледување од семе, цветаат за 3 месеци, во случај на размножување со отсечени делови практични веднаш цветаат) и во нивните доста мали потреби што се однесува на условите на одгледување. Најмногу им одговара, нормално, сончеви места но доста добро поднесуваат и поладни места со помалку светло.

Меѓутоа раsтенијaта од семејството помошници во нашите краеви не биле одсекогаш омилени во нашите краеви. Да се сетиме на компирот и доматот кој на почетокот биле одгледувани само како украсни растенија. Кога се појавиле првите вести дека овие билки може да се јадат, луѓето кон нив се однесувале со голема доза на недоверба. Но набрзо толку се рашириле што на многу места ги истиснале класичните плодови и постанале оновен дел од исхраната.

фото

Во овој број ќе се запознаеме со тутунот Nicotiana glauca – нетрадиционално балконско дрво со потекло од Јужна Америка. Во наши услови во прашање е брзорастечка грмушка или дрво. Тутунот кој што е добиен од семе цвета веќе за 2 месеци, додека гранките за возрасното растение за месец дена израсниваат за 50–70см. Како што и наговестува нејзиното латинско име, целото растение има сребреникаст сјај. Затоа треба да видиме грижа да не го допираме бепотребно затоа што со допирање сребрениакстиот сјај лесно се брише и останува неатрактивната светлозелена боја. Листовите се сребреникасти со јајчест облик на крајот шпицести. На крајот од гранките изрстуваат мали цвести со 20–40 жолти тубичести цветови. Цветовите се долги 3–3,5 см и широки околу 0,5 см. На почетокот на цветањето се светложолти и имаат светлозелен раб, после цветањето се темножолти. За предност на овој вид го сметаме фактот што и после цветањето, цветовите се постојано декоративни. За ралика, на пример, од петуниајта, после цветањето го задржуваат обликот на растенија и опстојуваат доста долго.

Одгледувањето на овој вид е доста едноставно. Тутунот Nicotiana glauca може преку целата година да го чувате во домот или за време на летото може да го изнесете на балконот односно градината. Се размножува со семе кое што доста брзо 'рти и има доста голема ртливост. Растенијата ќе почнат да цветаат веќе за два месеци (значи доколку сакате да ви го красат балконот од 15ти мај, засадете ги во половината од март). Растенијата, за време на зиамта, може да ги чувате во домот или на ладно но светло место како и темјаниките. На крајот од презимувањето скратете им ги гранките за половина и поченте со обилно наводнување. Тутунот ќе почне да цвета за околу месец дена после презимувањето. Овој вид на тутун може лесно да го обликувате во вид на дрво кое што може да го чувате во домот. Не може да се размножува со отсечени делови затоа што тешко пушта корени (што не е голема препрека затоа што многу лесно се размножува со семе).

Што се однесувана хранливите материи – тутунот не бара многу. За да добиете богати цветови на тутунот може да го ѓубрите со стандардните ѓубрива за балконски цвеќиња, со поголема содржина на фосфор.

««« Претходен текст: Упатство за одгледување на растенија од семиња Следен текст: Палма Parajubaea torallyi »»»

среда 8.7.2009 07:21 | испечати | Егзотични растенија, Инстрикции за одгледување

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.