Одгледуваме авокадо

Авокадо (ботанички – американска круша – Persea americana) е тропско дрво високо 6–20 м. Во пророда расте на териториите од Мексико до Бразил. Денес се одгледува на целиот тропски и суптропски појас.

Листовите се со елиптичен облик, на крајот се шпицести, кожести и сjајни со светлозелена до темнозелена боја додека на долната страна се сиви. Со изгледот потсетуваат на листови од портокал.

Авокадото цвета со големи цветови кои содржат 100–300 цвета но до опрашување доаѓаат само околу 0,1% од нив. Главната причина за тоа лежи во фактот што за време на привиот ден од цутење зрел е само толчникот додека прашниците сеуште не се развиени. Цветот се затвора на крајот од денот. Следниот ден, кога цветот повторно ке се отвори, прашниците се веќе зрели но толчникот овенал. Освен тоа сите цветови со зрели прашници во однос на цветовите со зрели толчници се отвараат во различна доба од денот.

Плодот е јајчеста или крушовидна овошка. Видовите според плодови ги делиме во три георгафски групи:

  1. Антилски (тропска) група потекнува од тропските низински области (до 800 м н. в.). Овде спаѓаат видовите како на пример Waldin, Simmonds и Black Prince. Осетливи се на мраз. Плодовите се тешки од 0,4–1,5 кг.
  2. Гватемалска (полутропска) група, потекнува од тропските планински области (800–2 800 м н. в.). Типични претставници на оваа група се видовите Bemik и Hass. Краткотрајно поднесуваат и пад на температурите дури и 0 °C. Плодовите се тешки од 0,5 кг до 1,5 кг.
  3. Мексичка (суптропска) група, потекнува од суптропскиот предел кај Мексико. Овде вбројуваме видови кои се најотпорни на ниски температури (без да настане оштетување краткотрајно поднесуваат темтератури и од околу –4° C). Видовите од оваа група се најчесто одгледувани. Овде ги вбројуваме сортите како Gottfried и Pernod. Плодовите се помали – до 250г.

Денес постојат видови кои настанале со вкрстување на видови од две групи (најчесто гватемалската и мексичката). За нас се значајни само видовите од мексичката група. Поради сложното цветање плодовите не се формираат но во прашање е вид кој е благороден за одгледување пред се поради своите атрактивни листови. Од семе цветаат дури како 6–8 годишни. Авокадото бара дифузно светло. Може да го одгледувате во домот, кцеларијата или во стакленик. Преку лето може да го изнесете на балкон или во градина.

Што се однесува до земјиштето, авокадото не е пребирливо. Доволна му е лесна, благо кисела земја која обично се користи во градинарството. Во текот на цела година бара влажна но не премногу заливана земја. Доколку му недостасува влага може да му опаднат листовите. Му одговара повремено прскање на вода со пумпа, во вид на водена прашина.

Авокадото наједноставно се размножува со семето. Со отсечени делови се размножува само од некои видови.

Семенките е потребо до половина да се стават во вода со тапиот крај надолу. Така натопени треба да останат додека не почнат да 'ртат. (Ви препорачуваме да не ги натопувате повеќе од три месеци за да не скапат. Ако до три месеци не почнат да 'ртат, засадете ги. Во главно, набрзо после садењето почнуваат да 'ртат и да растат.)

Семенките засадете ги до 3/4 со тупиот крај на долу. Добро искуство се покажало кога ги засадуваме по едно семе во поголема саксија која ја прекриваме со табла стакло. На овој начин во саксијата се одржува влажна средина која го забрзува 'ртењето. Изберете лесен супстрат (земја) кој добро пропушта воздух и вишокот вода да може веднаш да истече. Стаклената табла ја вадиме секој ден на 30 минути за да не дојде до збарување на семенките.

Семето најбрзо 'рти доколку е цел ден на топло место. Идеална температура е над 25 °C. После излегувањето на првите листови на авокадото му е доволна собна температура.

Високата температура најдобро ќе ја одржите доколку саксијата ја ставите над топол радијатор. Затоа е најповолно да садите свежи семенки – во тек на зимата, за време на грејната сезона.

Авокадото во наши услови расте доста брзо. Гнездесто дрво во висина од околу 1м ќе ви израсте за отприлика 2 години.

Плодовите на авокадото многу тешко ќе ги одгледате во наши услови, но денес не е проблем да ги набавиме во продавниците. За жал, веројатно нема да успеете да подигнете растение од семе, од плод купен во продавница (ретко имаат способност за 'ртење, поради причината што плодовите се берени уште како незрели).

Авокадото е најхранливото овошје на светот. Неговата енергетска вредност изнесува 840 kJ на 100 г месест дел (поради споредба: банана 355 kJ, манго 215, папаја 180, домат 90, краставица само 0,64kJ). Содржи 5–32% масти кои лесно се втријуваат во кожата и така претставуваат важен компонент во козметката. Во однос на хемискиот состав авокадото не е овошје во права смисла на зборот, без разлика на тоа што го вбројуваме во овошје.

Најчесто се конзумира во сурова или свежа состојба. Се сечи, се попрскува со лимон, се посолува или зачинува и се јаде со лажичка. Во следниот број ќе најдете неколку едноставни рецепти за јадења од авокадо.

Printed from neznama adresa