Кивано изгледа како портокалова, 10–15 см долга тиквица која што на површината е бодликава и потсетува на средновековно оружје. Месестиот дел е зелен и во главно содржи многу 5–10 мм долги бели семенки. Додека киваното е незрело околу бодливиот дел има зелени шари.
Во нашите краеви се увезува од Средна Америка и Израел. Го конзумираме зелениот, месест дел заедно со семенките. Киваното има вкус на краставица и тиквица но и банана. Кога ке го изедеме месестиот дел на киваното можеме да го користиме како украсен предмет. Семенките може да ги исушиме па да ги засадиме и да пробаме да го одгледуваме во домот. Успева секаде каде што успева и краставицата. Во прашање е крупно, брзорастечко, едногодишно растение слично на тиквицата со долги издадтоци и краеви кои е неопходно да се кратат. Листовите потсетуваат на листовите на краставицата имаат дури и ситни бидликави влакненца. Опрашувањето на 3 мм големите цветови е исто како и кај краставицата. Мора добро да се грижиме за плодовите затоа што при допир со земја може лесно да изгнијат. На киваното му одговара температура од околу 25°C, односно температурата која што постои во класичните стакленици и стаклениците под фолија за одгледување на краставица и диња. Не поденсува мраз, па затоа расадот го садиме надвор и тоа после пролетните мразови.
Printed from neznama adresa