Бодликава палма Rhapidophyllum hystrix

фото

палма Rhapidophyllum hystrix

Rhapidophyllum hystrix е вид на палма која што од сите видови на палми е најотпорна на мраз додека истовремено е единствен вид на монотипниот род Rhapidophyllum. Во природата расте на мочуришни места на југосточниот дел од САД. Благодарение на отпорноста на ладно и мраз до –20 °C може да се одгледува надвор и во наши услови. Во нејзините добри карактеристики го вбројуваме и нискиот, густ раст (максимално 1–3 м.) и атрактивното бодликаво стебло.

Оваа палма за сега нема словенско или македонско име така да го користиме латинскиот превод – Rhapidophyllum = „иглести листови“ и hystrix = „дикобраз“.

Одгледувањето на палми во наши услови не е ни малце тешко. Семето засадете го според упатството за садање. При тоа имајте на памет дека палмата воопшто не бара високи температури како што обично бараат тропските видови. Сосема и е доволна температура од околу 20 °C. Се препорачува да во текот на првите три години палмата да јачувате надвор само преку лето, за време на зимата посигурно е да ја внесете во просторија во која не постои опасност од мраз. После три години палмата е веќе доволно голема да ги преживее нашите зими и може да ја засадите надвор на трајно место. Како и другите видови на палми кои се отпорни на мраз и овој вид бара добро пропуштлив супстрат, најмногу и одговара јужно ориентирана падина. За време на зимата најголем непријател на палмата не е мразот туку преголемата влага на земјиштето која предизвикува гниење на коренот. Палмата имаку без проблеми поднесува темератури од –15 до –20 °C. Се наведува дека најниската температура која што овој вид на палма го поднел изнесувала –28 °C.

Продажба на палми отпорни на мраз

Printed from neznama adresa