Во последно време во Европа се увезуваат интересни тропски плодови. Јас лично успеав да го купам и да го пробам овошјето черимоја. Во понудата на продавниците ретко се наоѓа но благодарение на својот добар вкус со сигурност наскоро и таму ќе го најде своето постојано место.
Черимоја е најчесто користеното име за плодот на дрвото анона черимоја (Annona cherimola) кое расте во долините на Анда на висина од 1500 м. н.в. oд Колумбија до Перу. Поднесува и пониски температури па така се раширува и во другите топли краеви низ светот, дури и во Израел и јужна Шпанија. Во овој род вбројуваме околу 120 видови.
Черимојата има зелено-смеѓа матирана кора. Површината и е нерамна и изгледа како да на неа има останато траги од отисоци од прсти. Некои ги потсетува и на шиндра. Незрелите тврди плодови може да ги оставиме на собна температура да омекнат. Во внатрешността на плодот се наоѓа месест дел со крем боја кој има вкус сличен на банана и ананас. Во плодот се наоѓаат 10–20 црни семенки со големина на грав и се смртно отровни. Месестиот дел се конзумира во главно суров.
Семето може да се засади и да се одгледува во стан или во топол стакленик. Долготрајността на 'ртењето е различна и во главно трае околу 3 недели. Температурата поволна за 'ртење е околу око 27 °C. Младите билки се со розева боја но набрзо добиваат темна зелена боја и влакнести листови со јајчест облик и должина 10–15 см, на чија долна страна се изразени жили. Листовите во зима често отпаѓаат. При оштетување мирисаат необично. На местата каде што отпаднале листовите никнуваат нови гранки. Сите видови на анона бараат многу светлина и пред се соодветен начин на презимување, што помеѓу одгледувачите е доста спорно прашање. Јас лично ја оставам анона преку зимата во просторија на температура од 10–15°C. Би требало да се испроба така што истовремено некои еднинки за време на зимата да се држат на собна температура па да се види која анона прво ке процвета.
Анона цвета во зима на старост од 3–5 години. Пред цветањето анона изгледа овената и лисјата во главно и се опаднати. Цветовите и се жолтеникави и се појавуваат на места каде што опаднале листовите или се појавуваат заедно со младите листови. За опрашување потребни се 2 билки кои може да се опрашат и рачно. Зреењето на плодовите трае од 5 до 7 месеци.
Нека не ве збунива врвот на билката, кој секогаш изгледа овенато. Кратката суша нема да му наштети на растението но мора да се залива и во зимата. Доколку имате среќа може да набавите и други видови на анона.
Annona sqamosa – лушпеста анона која што има „лушпести“ плодови слични на шишаркините бори. Се нарекуваат и шеќерни јаболка. Плодовите се жолти или жолто-зелени.
Annona reticulata – мрежастта анона, која поради својата крвава боја се нарекува и „магаречко срце“ или „биково срце“, месестиот дел и е тврд и сладок.
Annona muricata – анона мариката која што се нарекува анона гуанабана има најголеми (1,5 – 5 kg) и „најтропски“ плодови кои се појавуваат на стеблото и се карактеристични по бодликавите брадавици со должина дури и до 0,5 см. Бојата им е зелена. Од листовите на оваа анона се припрема така наречениот коросол чај.
Printed from neznama adresa