Велвичија (Welwitschia mirabilis) е
прастаро растение кое денес расте на мал
простор во пустината покрај крајбрежјето
на Атланскиот океан во Намибија и јужна
Ангола. Иако на прв поглед не изгледа
така – во прашање е дрво. Целото растение
претставува вретенест корен – стебло и
2 листови кои непрекинато растат и
изгледаат како две големи завиени траки
долги 2–4 метри, така велвичијата подсетува
на куп ѓубре. Во прашање се листови кои 'ртат
и непрекианто растат додека на краевите
постепено изумираат и се ресат.
Велвичијата во текот на
целиот свој живот (и за време на плодността)
е во стадиум на 'ртечко растение – што во
светот на растенијата е исклучително.
Велвичијата е дводомно растение така да за
формирање на семе потребни се
2 растенија – женско и машко. „Цвастите“
се во облик на шишарка и (слично како кај
иглолисните растенија и чикадите) и се
наоѓаат во пазувите на листовите. Женските
цвасти после созревање се распаѓаат и
ослободуваат голема количина, лесно носено
со ветрот, семе. Спаѓаат во филогенетски
многу прастар вид на растенија – гнетофити
(Gnetophyta) кои што се најблиски роднини на
иглолисните растенија. Меѓу гнетофитите
спаѓаат 3 наизглед многу различни родови:
лијани (Gnetum) – со големи и едноставни
листови, метлина (Ephedra) – грмушка и самата
велвичија.
Велвичија го добила името по словенскиот ботаничар Фридриху Велвичи кој што ја пронашол во 1860 година. Велвичија се наоѓа на грбот на Намибија.
Велвичија совршено се
адаптира на екстремни пустински услови.
Воопшто не е зависна од дождовите, доволни и
се маглите кои што доаѓаат од океанот. Ова
мора да го имате во предвид и при нејзиното
одгледување. Главната причина за неуспех
при нејзино одгледување е преголемото
наводнување така да растението скапува.
Затоа потребно е семето да се сее во
мешункасто – песочен супстрат (со големина
на зрното 2–5 мм), затоа што во него не се
задржува голема влажност која што е
единствена препрека во одгледувањето.
Велвечија е потребо да се наводнува подобро
речено да се попрскува и тоа доста
внимателно. После наводнувањето семето
изртува за недела дена. Растението може да
го одгледувате и на парапетот на јужно
ориентираниот прозор. При одгледувањето
мора да бидете трпеливи – растението расте
доста споро, во прашање е вистински жив
диносаурус. Доколку и обезбедите доволно
светло и суша – сигурно ќе живее подолго од
вас!
Printed from neznama adresa